Најмалку едно лице загина, а 29 се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 5,4 степени во кинеската провинција Сечуан, во округот Веијуан, јави кинеската државна телевизија ЦЦТВ. Две повредени лица се во критична здравствена состојба.
Земјотресот уништи 17 куќи, а повеќе од 200 се оштетени.
Во тек е операција за потрага и спасувањето на преживеаните, пренесува ТАСС.
Епицентарот на земјотресот беше на длабочина од десет километри, на околу 141 километар од градот Ченгду.