Драмскиот писател и поет за деца и возрасни Васил Пујовски почина денес на 72 години.
Пујовски е роден на 1 октомври 1946 во село Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје, работеше во Македонската телевизија. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1968 година.
Тој е автор на повеќе дела: „Светот на детскиот сон“ (поезија за деца, 1967), „Пред божји суд“ (поезија, 1969), „Ајде да се дружиме“ (тв-серија за деца, 1985), „Кралот Кускуле први“ (драма, 1992, „Дајте музика“ (поезија за деца, 1994)…
Пујовски е автор на голем број македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.