Мичиќ ќе игра против Аргентина и покрај смртта на мајка му

Репрезентативецот на Србија, Василије Мичиќ го погоди тажна вест пред четвртфиналето против Аргентина. Одличниот кошаркар на Анадолу Ефес утрово дозна дека починала мајка му. Веста ја потврди селекторот Алекандар Ѓорѓевиќ.

-Одлучи да биде со нас против Аргентина и да игра во тој натпревар, тоа е голема работа. Не му е лесно, не му беше лесно цело време од почетокот на припремините. Сега прв пат зборуваме за тоа, тој поминуваше низ тежок период и навистина секоја чест за него што е тука, изјави Ѓорѓевиќ.

И покрај оваа семејна трагедија Мичиќ според последните информации ќе остане во Кина до крајот на турнирот. Мичиќ ќе остане во Кина и ќе даде се од себе во чест на неговата мајка.

Треба да знаете
Последни објави