Тричковски и Трајковски во нападот против Летонија

Македонската репрезентација вечерва го игра шестиот меч од квалификациите за пласман на Европското првенство и тоа во Рига против Летонија, селекција против која ја забележавме единствената досегашна победа во овој циклус.

Селекторот Игор Ангеловски се одлучи да направи неколку промени во почетниот состав за разлика од дуелот со Израел, па така во во првата единаесетка се: Димитриевски, Бејтулаи, Адеми, Муслиу, Тричковски, Алиоски, Трајковски, капитенот Пандев, Велкоски, Барди и Елмас.

За разлика од претходниот натпревар, стартери во нападот се Трајковски, Тричковски и Пандев.

Дуелот почнува во 20.45 часот.

Треба да знаете
Последни објави