Најмалку 18 луѓе се повредени кога на будистичка верска свечена прослава на Шри Ланка, слон подиве и протрча преку насобраниот народ.
Слонот бил дел од поворката којашто во саботата минувала низ градот Коте, што се наоѓа близу главниот град Коломбо.
Човекот кој бил на слонот, паднал и за малку бил прегазен. Повредените се примени во две болници.
Извештаиtе говорат дека 16 од 18 лица се отпуштени од здравствените установи.