Општинската власт во соработка со Град Скопје продолжува посветено да работи со цел реализација на значајни проекти во општина Чаир, изјави Абдурахман Хаљими, член на ИО на ОО СДСМ Чаир.
-Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и градоначалникот Петре Шилегов континуирано вложува и во образованието и обезбедува подобри просторни и други услови за изведување на наставата и на воншколски активности. Имено, средното училиште „Цветан Димов” во Чаир сега има нова, енергетски ефикасна фасада со специфичен визуелен и естетски стил. Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација.
Покрај овој проект, во нашата општина се работеше и на обновување на патната инфраструктура. Во таа насока е и реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар, која што неодамна заврши. Градежните активности се изведуваа со засилено темпo, булеварот се асфалтираше непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на градежните работи. Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков е од значење за голем број граѓани, а особено за граѓаните на општина Чаир. Подобрувањето на патната инфраструктура е елементарна потреба и во полза на нашето квалитетно движење и подобрување на условите за живот. Заедно со граѓаните продолжуваме кон реализација на проекти кои се од значење за целото од општество, рече Хаљими.