Фудбалерите на Англија славеа против Косово со 5:3 во натпревар во кој гостите го забележаа својот прв пораз во фудбаската историја по 15 одиграни натпревари. Со победата домаќинот останува прв во квалификациите во групата „А” и речиси си обезбеди пласман за Европското првенство следната година.
Дуелот на „Сент Мери” започна шокантно за домаќините бидејќи Валон Бериша ја казни грешката во одбраната на Англија и му донесе предност на Косово во 34-тата секунда од дуелот.
Англичаните, сепак, реагираа многу брзо и на паузата заминаа со водство од 5-1 по головите на Рахим Стерлинг (8′), Хари Кејн (19′), авто-голот на Мергим Војвода (38′) и дебитантските голови на Џејдан Саннчо (44′, 45′).
По паузата, Косово се врати во игра, постигнувајќи два удари во рок од шест минути. Во 49-тата, минута Бериша се запиша по втор пат, а во 55-тата Ведад Мурики намали на 3:5 по изведување на пенал.
Хари Кејн пак подоцна промаши удар од 11-метри за домаќините.
Интересен натпревар се одигра во Елбасан каде Албанија славеше со 4:2. Домаќинот го доби првото полувреме со 1:0, но Исланѓаните брзо возвратија во продолжението. Кога се чинеше дека гостите ќе продолжат со исто темпо Албанија пак даде гол, но Исланд не се предаде и пак брзо изедначи. Сепак, во фуриозен финиш, Албанците постигнаа два гола, но Исланд немаше сили за пресврт.
Во Вилнус Роналдо постигна четири гола за убедчива победа на Португалија со 1:5 против Литванија.
Резултати од натпреварите денес:
Група „А”
Црна Гора – Чешка 0:3
Англија – Косово 5:3
Група „Б”
Луксембург – Србија 1:3
Литванија – Португалија 1:5
Група „Х”
Молдавија – Турција 0:4
Франција – Андора 3:0
Албанија – Исланд 4:2.