СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(20) и В.М.(28), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 18.08.2019 во с.Пештани, по претходна вербална расправија во врска со сообраќајна незгода, пријавените физички ги нападнале А.Д. и неговата сопруга, при што им нанеле тешки телесни повреди.