Сите предмети отворени од СЈО, независно во која фаза се наоѓаат, треба да добијат соодветна судско-обвинителска завршница. Ова денеска го изјави Киро Здравев, претседател на Судскиот совет и судија на Врховниот суд.
-За предметите што се веќе во суд, треба да има соодветна пресуда. За другите предмети, што ќе ги преземе редовното обвинителство, треба да се донесат соодветни обвинителски одлуки. Тоа што предметите ги презема редовното обвинителство го прави депласирано начелното правно мислење на Врховниот суд, изјави Здравев.
Според начелното правно мислењето на Врховниот суд, СЈО е неовластен тужител во сите истраги и предистраги за кои до 30 јуни 2017 година не беше поднесен обвинителен акт. Станува збор за 19 истраги и стотина предистражни постапки