Горниот дом на Парламентот, Сенатот денеска по бурна дебата и изгласа доверба на новата италијанска Влада на чело со Џузепе Конте.
Припадниците на екстремната десница го обвинија Конте дека ги излажал избирачите со тоа што избегнал предвремени избори.
Конте, со поддршка на Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија на левиот центар, вчера доби доверба во долниот дом на Парламентот, што значи дека неговата коалиција сега може да продолжи со својата агенда.
За доверба на новата Влада гласаа 169 од вкупно 321 пратеници во Сенатот, додека 133 биле против.