Околу 17.000 луѓе се блокирани на аеродромот Токио – Нарита по налетот на тајфунот кој го парализира железничкиот и автобускиот сообраќај во главниот град на Јапонија, Токио.
Во делови на Токио во прекин е и снабдувањето со електрична енергија, поради што е отеќнат и сообраќајот.
Во невремето едно лице загина, а неколку десетици се повредени.