Премиерот на Алжир Нуредин Бедуи наскоро ќе поднесе оставка за да го олесни одржувањето на изборите оваа година, што војската го смета за единствен начин да се стави крај на политичката криза во земјата.
Заминувањето на Бедуи е главното барање на демонстрантите кои во април го принудија долгогодишниот претседател Абделазиз Бутефлика да се повлече од функцијата.
Демонстрантите, исто така, ја отфрлија можноста за одржување нови избори се додека нема повеќе промени во структурата на моќта во Алжир.
Бутефлика поднесе оставка на 2 април по неколкунеделните масовни протести, но неговото заминување, како што пренесуваат светските агенции, не ги смири Алжирците кои сакаат промена на стариот режим