Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески, попладневно присуствуваше на маалска средба со жителите на општина Градско.
На средбата, Сугарески меѓу другото се осврна на изградбата и реконструкцијата на авотпати, како и локални и магистрални патишта, кои освен што ја унапредуваат патната инфраструктура, обезбедуваат и поволни услови за забрзан локален економски раст.
– Како одговорна партија се обврзавме да градиме по план и тоа е видливо. Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура и се гради насекаде низ државата. Она што е значајно за вас и за овој регион е дека започна изградбата на делницата Градско – Дреново од експресниот пат Градско – Прилеп. Ескпресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди со што ќе се зголеми безбедноста во сообрајќајот, но секако дополнително ќе влијае на економскиот развој и ќе даде дополнителен стимул за економската моќ на Градско и регионот. Во меѓувреме, следува и рехабилитација на регионалниот пат Велес – Градско, порача Сугарески.
До овој момент, истакна Сугарески, изградени и рехабилитирани се преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра, а интензивно се работи на изградба на гасоводната мрежа, канализациски и водоводни системи низ целата држава.
СДСМ преку секојдневни средби останува со граѓаните, да го слуша нивниот глас и да ги реализира нивните потреби. Мерките и политиките во интерес на граѓаните и државата продолжуваат.
За нас, зборот важи.