Брегзит не е крај туку почеток на нови односи со Велика Британија, изјави денеска новата претседателка на Европска Комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа додаде дека Европска Унија не сакаше Брегзит, но оти ја почитува одлуката на Велика Британија.
Идните чекори околу Брегзит во целост ќе зависат од Велика Британија. ЕУ ги заврши подготовките за евентуален Брегзит без договор. Слични сценарија нема да биде од корист ниту за ЕУ ниту за Велика Британија сепак нема да се од корист ниту за ЕУ ниту за Велика Британија, наведе Фон дер Лајен.
Таа наведе и дека ќе го покани досегашниот главен преговарач на ЕУ за Брегзит, Мишел Барние да продолжи да ја извршува функцијата.