Владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој, соопштија од ДУИ во пресрет на денешната лидерска средба на која ќе биде јасно дали политичките челници ќе постигнат договор за законот за обвинителство.
„Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти. Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки и никој не е над законот“, велат од албанската владејачка партија.
Од таму додаваат дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди само со добро спроведен ветинг.