Сугаревски на маалскa средба во Градско: Се обврзавме да градиме по план, инвестираме 850 милиони евра во патната инфраструктура

Претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески, попладневно  присуствуваше на маалска средба со жителите на општина Градско.

 

На средбата, Сугарески меѓу другото се осврна на изградбата и реконструкцијата на авотпати, како и локални и магистрални патишта, кои освен што ја унапредуваат патната инфраструктура, обезбедуваат и поволни услови за забрзан локален економски раст.

 

– Како одговорна партија се обврзавме да градиме по план и тоа е видливо. Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура и се гради насекаде низ државата. Она што е значајно за вас и за овој регион е дека започна изградбата на делницата Градско – Дреново од експресниот пат Градско – Прилеп. Ескпресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди со што ќе се зголеми безбедноста во сообрајќајот, но секако дополнително ќе влијае на економскиот развој и ќе даде дополнителен стимул за економската моќ на Градско и регионот. Во меѓувреме, следува и рехабилитација на регионалниот пат Велес – Градско, порача Сугарески.

 

До овој момент, истакна Сугарески, изградени и рехабилитирани се преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра, а интензивно се работи на изградба на гасоводната мрежа, канализациски и водоводни системи низ целата држава.

 

СДСМ преку секојдневни средби останува со граѓаните, да го слуша нивниот глас и да ги реализира нивните потреби. Мерките и политиките во интерес на граѓаните и државата продолжуваат.

 

За нас, зборот важи.

Треба да знаете
Последни објави