„Транспортер“ одложен, судиите чекаат разрешница на ситуацијата

Судењето за случајот „Транспортер“ на СЈО е одложено додека не се разреши проблемот со предметите на ова обвинителство откако Катица Јанева даде наредба да се предадат на Основното јавно обвинителство.

-Се надевам дека следните денови оваа ситуација во која што е целото македонско судство на некој начин заробено, не може да суди поради ваквата ситуација, па денешната расправа се одлага, а термините кои што се закажани од порано си остануваат. Расправата продолжува на 16 овој месец, изјави судијката Добрила Кацараска.

Во случајот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 22 лица за злоупотреби со превозот на ученици во Битола. Штетата, според обвинителниот акт, се проценува на околу 360.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави