„Ле Паризиен“ пренесува дека повеќекратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер бил пренесен во болница во Париз.
Тој вчера попладне во тајност бил примен во болницата „Жорж Помпиду“. Шумахер бил донесен со возило со женевски регистарски таблички. бил прекриен со темно симна прекривка да не се види неговото лице и тело. Наводно Шуми имал проблем со кардиоваскуларниот систем, но повеќе информации не се откриваат.
Се шпекулира дека за него ќе се грижи кардиохирургот Филип Менаш, пионер во лекувањето на срцеви затајувања со матични клетки.
Шумахер како што е познато пред шест години доживеа несреќа кога при скијањето на француските Алпи паднал и удрил во камен. Од тој момент за неговата состојба не се знае многу.
Познато беше дека престојува во Женава каде што е под потсојан надзор на докторите.