Американскиот претседател Доналд Трамп денеска остави отворена можност САД да ги ублажат санкциите против Иран.
Тој изрази уверување дека Иран сака да постигне договор со Вашингтон во врска со својата нуклеарна програма.
– Ќе видиме што ќе се случи, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање за можноста САД да ја ублажат кампањата на „максимален притисок” врз Иран.