Во Охајо се урна товарен авион со двајца членови на екипажот и се запали кога удри во два паркирани автомобили, соопшти менаџерот на аеродромот Толедо.
Несреќата се случила околу 3 часот утринава, источно од аеродромот покрај работнилница за поправка на автомобили, а како што изјави менаџерот на аеродромот, Џо Ротердам, не се знае дали лицата кои биле во авионот успеале да пеживеат, пренесе „АП“.
Како што истакна, во тек е увид на местото на несреќата.