Истоварил десет мигранти кај Табановце па го уапсиле

На 10.09.2019 во 04.40 часот на автопатот Куманово – Скопје полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 04.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија. Мигрантите заедно со возачот предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави