Малолетник избоден до смрт сред бел ден во Лондон

Седумнаесетгодишник вчера бил избоден до смрт во центарот на Лондон, објави полицијата. Итната помош веднаш пристигнала на местото на убиството и непосредно пред 14 часот по локално време го пренела во боница, каде што тој им подлегнал на повредите, пренесува „Гардијан“.

Засега нема апсења, а во тек е полициска истрага во улицата Едгвер Роуд, каде што се случило убиството. Главниот истражител од одделот за злосторства во полицијата, Енди Партриџ, рекол дека убиството се случило во близина на кампусот, каде што многу млади лица во тој момент можеле да бидат на пауза.

„Овој ужасен напад се случи на сред бел ден, во самиот центар на Лондон, пред очите на многу луѓе. Младо момче, пред кого беше целиот живот, е убиено, а неговото семејство е оставено во тага. Знаеме дека во тој момент имало многу луѓе во близина и ги замолуваме да ни кажат сè што виделе“, рекол Партриџ.

Треба да знаете
Последни објави