Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ негира дека го спречилте разрешувањето на Катица Јанева на денешната седница за што ги обвини координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
-Напротив, знаеме дека тоа беше укажување и од страна на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ова утро, на координацијата кај Претседателот, сите координатори на пратеничките групи, на четирите поголеми партии, е договорено, точката за разрешувањето на Катица Јанева да биде на посебна седница. На тоа се согласи и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас, не гледам ништо друго, освен очаен обид од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да ја дефокусира јавноста од сето она што се случуваше на вчерашната лидерска средба. Како што кажав и во изјавата, тоа е последен обид на Христијан Мицкоски да ги амнестира криминалите на неговиот вистински шеф, како и криминалите на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Откако не му успеа тоа, ова е јалов обид за дефокус на јавноста, рече Костадинов.
Тој, сепак, не кажа дали може јавно да гарантитра дека ќе се одржи таква седница пред 15ти септември.
–Јас не сум претседател на собранието. Околу одржувањето на седниците и текот на седниците во рамки на Собранието на Република Северна Македонија, ве упатувам да се обратите кај Претседателот, Талат Џафери.
линк до видео: https://youtu.be/TcVh30lGbbM
Со почит,