ВМРО-ДПМНЕ: Родителите од Кисела Вода бараат продолжен престој за деца во училиштата

Иако градоначалникот Темелковски е наш сограѓанин, истиот се однесува како да не живее во нашата општина и нема никаков слух за барањата и потребите на жителите.

Покрај многуте неисполнети ветувања,  Темелковски периодов останува глув и на барањата на родителите на учениците од четврто и петто одделение од неколку основни училишта од Кисела Вода кои упорно бараат воведување на продолжен престој за нивните деца.

Иако радува податокот дека Општина Кисела Вода има зголемен природен прираст на населението, дека се зголемува бројот на првоодделенчињата, но за жал локалната самоуправа и градоначалникот Темелковски не прават ништо за нашите најмлади сограѓани.  Напротив, и тоа што  како можност и право е предвидено со Законот за основно образование, општината не се труди да го исполни.

Имено, Законот за основно образование вели: „Ако се обезбедени услови и средства од основачот, основното училиште може да организира продолжен престој за учениците во групи и тоа од прво до петто одделение со ученици од исто одделение или од прво до трето одделение и од четврто и петто одделение со ученици од различни одделенија“. Понатаму во законот се вели: „Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот односно старателот“.

Бидејќи е голем бројот на родители кои имаат барање за организирање на продолжен престој во училиштата во Кисела Вода го повикуваме градоначалникот Темелковски конечно да се одважи и да предложи одлука до Советот на општината со која ќе обезбеди средства за финансирање на наставници за продолжен престој.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ваквата одлука целосно ќе ја поддржи, а се во интерес на родителите и учениците.

Господине Темелковски, доста е од празна демагогија, конечно излезете од кабинетот, слушнете ги потребите на граѓаните и конечно почнете да носите одлуки во нивен интерес и не заборавајте дека и локалните избори се ближат, а со тоа се ближи и крајот на вашето расипничко однесување и владеење.

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави