Германија: Тајното снимање на интимни делови од телото наскоро ќе биде кривично дело

Германија планира тајното фотографирање на интимни делови од телото да стане кривично дело, објави денеска германската министерка за правда, Кристин Ламбрехт.

„Зборуваме за одвратни нарушувања на интимната сфера што треба да се гонат“, рече Ламбрехт денес во Бундестагот.

Практиката на „upskirting“, односно тајно фотографирање на интимни делови од телото под здолниште или фустан, во моментов во Германија се третира како прекршок, а не кривично дело.

„Ова не е доволно за активно да ги заштити оштетените и да им стане јасно на сторителите дека овој вид однесување е целосно неприфатлив“, рече министерката.

Правната иницијатива предвидува класифицирање на „upskirting“ како сексуално вознемирување, казниво со затворска казна до две години. Исто така, ќе бидат гонети оние што ги доставуваат таквите фотографии или снимки на трети страни преку Интернет, без оглед дали се автори или не.

Интернет-петицијата на две девојчиња, жртви на „upskirting“, кои бараат потешка казна ја потпишале повеќе од 90.000 граѓани.

Треба да знаете
Последни објави