Снимка од трибините на фудбалскиот натпревар меѓу Бурсаспор против Фенербахче го обиколи светот откако камерите регистрираа млад навивач како пуши на трибините.
Навивачот, за кој многумина проценија дека е 10-годишно момче, пушеше додека покрај него седеше уште едно дете исто така облечено во навивачки обележја на Бурсаспор. Снимката брзо се распространи на социјалните мрежи, со над 8 и пол милиони прегледи само на „Твитер“. Многумина беа непријатно изненадени од тоа што се гледа на неа и не го криеа незадоволството што толку младо момче пуши цигари.
Сепак, наскоро беше откриена потполно неверојатната вистина дека на видеото всушност се регистрирани татко и син.
Навивачот со цигара не бил дете, туку 36-годишен маж со многу помлад изглед, по име Чочук. Mомчето кое седи до него, пак, не му е пријател или брат, туку е негов син.
Сепак, палењето цигара на стадионот може да биде проблематично за 36-годишникот бидејќи во Турција е забрането да се пуши на јавни места, а казната е 69 турски лири или околу 10 евра.