Богоев и Лукаревска на маалска средба во Тетово: Државата е на вистински пат, парите се враќаат кај граѓаните, законите важат за сите

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев и членката на ЦО на СДСМ, Сања Лукаревска, придржувани од претседателот на ОО СДСМ Тетово, Бобан Видоески и други членови на ОО СДСМ Тетово, вечерва присуствуваа на маалска средба во Тетово.
На средбата се разговараше за спроведените реформи во последните две години кои ја стабилизираа економијата,  ја извадија државата на вистински пат и ја доближија до НАТО и ЕУ.
-Како владејачко мнозинство се обврзавме да работиме за да обезбедиме подобар живот за сите и затоа секојдневно и насекаде сме со граѓаните, да го слушнеме нивниот глас. Успеавме да направиме реформи кои го враќаат достоинството на граѓаните и довербата во институциите, нема повеќе делење. Заврши мрачното време на 11 годишно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во нивно време правдата и почитувањето на законите беа мисловна именка. Денес Претседателот на Владата, Зоран Заев пријавува афера против јавен обвинител, денес секој одговара пред законите без разлика на неговата етничка, верска или политичка припадност, – порача Богоев.
Лукаревска се осврна на економските мерки кои парите ги враќаат во семејните буџети.
-Сите мерки кои ги спроведуваме се насочени да обезбедат подобар живот за сите граѓани од различни целни групи. Проектот Мој ДДВ дава неверојатни резултати, граѓаните за првпат добиваат пари директно од државата, се сузбива сивата економија и секој граѓанин е даночен инспектор. До денес, скенирани се над 17 милиони сметки, при што повратот од 15 отсто ДДВ е над 147 милиони денари или речиси 2,5 милиони евра, пари кои завршуваат на сметките на граѓаните, истакна Лукаревска.
Тимови на СДСМ ги запишуваа сугестиите, идеите и предлозите на граѓаните, со цел нивно поефикасно и навремено реализиарање.
СДСМ останува на страната на граѓаните.
 
Зборот важи!
Треба да знаете
Последни објави