Започна реализацијата на два инфраструктурни проекти во Полошкиот плански регион

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска присуствуваше на отпочнувањето на изведбените работи на два проекти на Центарот за развој на Полошкиот плански регион. Проектите се одобрени од Владата на СРМ, а се во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година. Со првиот проект ќе се  врши реконструкција на локалниот пат с. Јажинце – Тетово, спој со регионалниот пат, а со вториот  реконструкција и изградба на тротоари на дел од општинскиот пат Тетово – с. Требош , општина Желино. 

Треба да знаете
Последни објави