Мицкоски за нов шеф на новото Јавно обвинителство го предложи Владимир Панчевски кој е суспендиран и против кого се води истрага за злоупотреба на АКМИС системот. – рече Костадин Костадинов член на ИО на СДСМ и портпарол на партијата во емисијата Патот кон… на Аласат Телевизија, зборувајќи за позицијата на ВМРО ДПМНЕ да заштитува криминал на режимот на Груевски.
Костадинов истакна дека мошне значајно е што предметите од СЈО се обезбедени и по нив ќе постапува надлежна институција. Правда и одговорност за сите, значи тоа .
Јасно порачавме дека правна држава и правда мора да има и секој кој се огрешил пред законот мора да одговара .-истакна Костадинов.
Тој додаде дека сето тоа направи паника во ВМРО –ДПМНЕ кои прават последен обид да ги спасат криминалите и криминалците , а кои што за владејачката партија значат црвени линии кои нема шанси да се поминат.
Сепак оставаме простор согласно демократските принципи на РСМ , ВМРО-ДПМНЕ да се огради од криминалите и криминалците и заеднички да го донесеме законот за ЈО.– посочи Костадинов.