Судењето на мажот обвинет за напад на две џамии во Нов Зеланд и убиство на 51 лице е одложено за еден месец затоа што датумот на судењето се совпадна со муслиманскиот свет месец Рамазан, изјави денеска судија.
Судскиот процес требаше да започне на 4 мај 2020 година, сепак, судијата откри дека се совпадна со почетокот на муслиманскиот верски празник и го одложи за 2 јуни, пренесува „Ројтерс“.
„Голем број сведоци се од муслиманска вероисповед“, рече судијата во изјавата, а одбраната на осомничениот се согласи.
Напаѓачот Брентон Тарант (29) отвори оган од полуавтоматско оружје врз двајца верници во џамија на 15 март и тоа го пренесуваше во живо на неговиот Фејсбук, пренесува „Ројтерс“.
Тој претходно се изјасни дека не е виновен за ниту една од 92-те точки од обвинението, вклучувајќи убиство и тероризам.