Перез: Рацете ни се врзани за трансфер на Погба

Флорентино Перез, првиот човек на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, призна зошто неговиот тим неуспеал да го ангажира Пол Погба. Францускиот интернационалец од редовите на Манчестер јунајтед беше желба на тренерот на “кралевите“ Зинедин Зидан, која не му ја оствари раководството на клубот рекордер со 13 освоени шампионски круни во елитното клупско натпреварување во Европа.

-Играчи како Левандовски, Погба… не се на продажба. Ние со години се обидуваме да го ангажираме полскиот голгетер, но тој во договорот нема откупна клаузула, а Баерн Минхен не сака да го продаде. Во ваков случај трансфер е невозможен. Иста е ситуацијата и со Погба. Кога играчите имаат откупни клаузули тогаш можеме да преговараме, во спротивно рацете ни се врзани – открива Перез.

Треба да знаете
Последни објави