Италијанската полиција издаде наредби за притвор на четворица мажи поврзани со дефект на ескалаторите на две метро-станици во Рим. Двајца од нив се вработени во метро компанијата „Метро Рома“, додека двајца се вработени во општинската транспортна компанија Атац, пренесува Анса.
Тие се обвинети за измама во јавните набавки и предизвикување штета.