СЈО : Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите по кои постапуваме со сите докази

СЈО е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. Обвинителството соопшти дека од страна на Јавното обвинителство е доставен допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство.

,,Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази.За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително”, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави