Адвокатот Aлександар Tортевски, на вчерашната „Топ Тема“, го постави прашањето дали воопшто треба да се преговара за СЈО со партија чиј имот е замрзнат по барање на СЈО.
„ВМРО има постапка против нив како правно лице. Запленета е „Белата палата“ во која што тие така горделиво влегуваат таму, и од таму држат прес-конференции. Јас еднаш кажав. Во тој објект јас никогаш нема да влезам во животот заради тоа што ми е срам да влезам. Не сум некој фактор, меѓутоа, ако ме поканат, ќе одбијам да влезам токму заради тоа, затоа што убеден сум е направено со криминал. Значи, замрзнат им е имотот, се води постапка против нив,“ укажа адвокатот Тортевски.
Тортевски потсети и дека за „Еден од главните преговарачи, Антонио Милошоски има една предистражна и една активна истражна постапка против него“.
И преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ, и партијата чиј имот е замрзнат, активно беа вклучени во преговорите за иднината на специјалното јавно обвинителство, кое е формирано со закон за кој е потребно двотретинско мнозинство.