– World Chambers Federation (WCF), единствениот Форум на стопански комори каде 20 претставници на глобално ниво раководат над 12.000 стопански комори во целиот свет, оваа година е на годишна средба во Москва, Русија.
Нашето позиционирање за прв пат во раководството на World Chambers Federation WCF, меѓу 20 елитни претставници на комори од најсилните светски економии САД, Кина, Велика Британија, Русија, Турција, Индија, Иран, Израел, Италија, Германија, Франција, Канада, Бразил, Германија, Австрија, дава можност за директно учество на светските економски случувања, позиционирање на нашата земја како центар на регионот за влез на нови инвестиции, како и за можности за сигурни партнерства за домашните стопанственици со цел зголемување на извозот.
Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Данела Арсовска, минатата година именувана за прв претставник од Македонија во раководството на World Chambers Federation (WCF), истакна дека главен фокус на годишниот состанок се трговските бариери кои не само на регионално ниво туку и глобално предизвикуваат пад на економските резултати, намалување на трговијата и поместување на пазарите, ефекти кои не секоја економија може да ги издржи без долгорочни последици. Во таа насока клучна улога игра реализација на трговските агенди базирани на економска дипломатија, која во модерниот свет е начин на комуникација за елиминирање на трговските бариери.
„Економската дипломатија игра се позначајна улога во современиот свет за отстранување на трговските бариери, во таа насока приоритетно е решавање на меѓународните отворени економски прашања и отстранување на трговските бариери за олеснување на влез на компаниите на интернационалните пазари. Во време во кое политиката на глобално ниво дава ветување за слободна трговија, а во исто време се преземаат дејства за блокади, се поважна е економската дипломатија за отстранување на трговските бариери. На овој значаен годишен собир креираме стратешки план за идното економско глобално делување, но останува и предизвикот како во време на континуирана нестабилност Македонија да се позиционира со конкурентни производи и услуги на странските пазари“, изјави Арсовска.
Џон Дентон, генералниот секретар на (ICC) International Chambers of Commerce во своето обраќање истакна дека нагласена е итната потреба за овозможување на деловните активности низ целиот свет во услови на мир, просперитет и еднакви можности за сите.
„Застапувајќи 45 милиони компании ширум светот, донесовме декларација со која се утврдува визијата за обликување на иднината на глобалниот бизнис за следниот век, пренесена е порака за заедничка работа на приватниот сектор, владите и јавноста за креирање поинклузивен и одговорен модел“, изјави Дентон.
На годишниот состанок на раководството на World Chamber Federation WCF присуствуваше и министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, како и министерот на московската Влада, Сергеј Черемин.
Светската коморска Федерација како единствен глобален форум кој ги обединува стопанските комори од целиот свет, делува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис заедницата во најрелевантните светски организации како Организацијата на Обединети Нации ООН, Г20, Светската Трговска Организација, како и Европската Банка за обнова и развој.
World Chambers Federation (WCF), со седиште во Париз, секоја година организира глобален настан на различен континент, во 2018 глобалната агенда ја објави во Дубаи, а годинава собирот се одржува во Русија.