Полицијата и инспекторите излегле на терен за да се измери јачината на звукот откако стотина граѓани потпишале петиција против гласното пеење на оџата од џамијата, но околу 300 верници од исламската вероисповед излегле на улицата кога полицијата пристигнала во Турското маало, мислејќи дека тие ќе го забранат пеењето на оџата.
Од СВР Струмица за Струмицаденес.мк изјавија дека дејстувањето било најдобронамерно со цел да се измери јачината на звукот, што покажало дека е поголема од дозволената.
Дел од насобраните верници извикувале дека ќе ја запалат црквата „Св.15 Тивериополски свештеномаченици“.
Православното население кое живее во истото маало велат дека тие немаат никаков проблем против џамијата како објект, ниту пак против луѓето од исламската вероисповед, но треба да се внимава на пресилната бучавост од звучниците на џамијата.
Од СВР Струмица велат дека ќе биде побарана средба со верските заедници и се надеваат дека проблемот во најбрзо време ќе биде решен на мирен начин без никакви дополнителни инциденти.
https://youtu.be/WQX4vYnfEfQ