Повеќе луѓе се повредени во експлозија на бомба во Африн во северна Сирија, град контролиран од опозициските сили поддржани од Турција.
Опозициските активисти рекоа дека немало извештаи за смртни случаи во експлозијата, пренесува АП.
Сириската опсерваторија за човекови права се повикува на цивилната одбрана и вели дека 25 лица се повредени.
Активистите исто така рекоа дека непосредно по експлозијата, уште двајца биле повредени од минофрлачки гранати.
Турција и сојузничките сириски борци го зазедоа Африн минатата година, протерајќи ги силите на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористи.
Сепак, турското преземање предизвика низа напади во овие области со претежно курдско население.