Најмалку 11 хиндуистички верници се удавија кога нивниот брод се преврте утрово за време на верска прослава на езеро во централна Индија, соопшти полицијата.
Полицискиот службеник Акил Пател вели дека пет лица се спасени од езерото во Бопал, главниот град на државата Мадја Прадеш.
– Чамецот се превртел додека верниците во езерото го потопувале големиот идол, хиндуистичкиот бог Ганеша, рече Пател и додаде дека се извлечени 11 тела.
Хиндусите го слават роденденот на богот Ганеша, кој е симбол на мудроста, просперитетот и добрата среќа.