Министерот за надворешни работи Никола Димитров, работната посета на Берлин ја заокружи со денешните средби со пратеникот на ЦДУ / ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Вадефул, со советникот за надворешна политика на Канцеларката Меркел, Јан Хекер, како и со претставниците на германското Министерство за надворешни работи, Томас Осовски, ополномошник за ЕУ и Сузане Шуц, ополномошник за Југоисточна Европа.
Евидентниот позитивен став на релевантните политички фактори на Германија во однос на очекуваната одлука за пристапни преговори со ЕУ во октомври, беше потврден и во овие разговори на МНР Димитров со соговорниците.