Ситуацијата во Сирија се враќа во мировниот канал. Има само изолирани тензии, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за рускиот весник „Труд“.
„Војната во Сирија навистина е завршена. Земјата постепено се враќа во нормален и мирен живот. Сè уште постојат одделни тензии само на територии што не се под контрола на сириската влада како што се Идлиб и источниот брег на реката Еуфрат”, вели Лавров.
Тоа што е најважно денес, додава тој, е да се обезбеди сеопфатна хуманитарна помош на Сирија и земјата да се придвижи напред со политички процес насочен кон решавање на кризата со цел да се постигне сигурна и трајна стабилизација во земјата, како и во регионот на Блискиот исток како целина.