Министерот Хасан оствари средба со делегација од Р. Турција

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан вчера оствари средба со делегација од Р. Турција која беше предводена од заменик министерот за земјоделство и шумарство, Мехмет Хади Тунч и претседателот на Сојузот на извозници од егејскиот регион за овошје и зеленчук, Хајретин Учак, во придружба на неколку заинтересирани претставници од бизнис заедницата.

На средбата беше истакнато дека во Р. Северна Македонија гледаат потенцијал за инвестирање во земјоделскиот сектор, министрите се согласија дека иако соработката помеѓу двете земји е на високо ниво, соработката во областа на земјоделството мора да се продлабочи и да се интензивира за што взаемно ќе се заложат и ќе вложуваат напори.

Од страна на Сојузот на извозници беа претставени нивните тековни проекти, како и нивните идни замисли за производство на свежо овошје и зеленчук, а и за преработувачката индустрија.

Министерот Хасан ги презентираше владините мерки и политики кои им обезбедуваат поддршка на странските компании во земјава за реализација на успешен бизнис, меѓу другото укажа на фактот дека треба да се искористат природните услови кои нашата земја ги има во изобилие, соодветни на нивните презентирани планови за инвестирање во земјоделството. Министерот Хасан ги поттикна присутните да ги разгледаат и увидат поволностите кои ги нуди нашата земја.

На средбата беше констатирано дека билателарните односи и пријателските односи помеѓу двете држави се на највисоко ниво и дека Р. Турција е земјата која секогаш била најголем сојузник на Р. Северна Македонија во евроинтегративниот пат, за кое што беше изразена длабока благодарност од страна на министерот Елвин Хасан.

 

Треба да знаете
Последни објави