Судбината на обвинителите на СЈО ќе ја решава Советот на обвинители, потврди претседателот Ацо Колевски. Тој за НОВА рече дека чека, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да биде разрешена во Собранието или да и истече мандатот на 15 септември.
-За нас нема разлика дали таа ќе биде разрешена или ќе и заврши мандатот. Ние постапуваме по одредбата во Законот за СЈО во која пишува дека мандатот на обвинителите на СЈО не може да биде подолг од мандатот на специјалната јавна обвинителка. Ова значи дека со завршувањето на нејзиниот мандат или со нејзиното разрешување, завршува и мандатот на сите други обвинители во СЈО, рече Колевски.
Тој објаснува дека за да одлучат каде ќе ги прераспределат обвинителите од СЈО не е потребно да се донесе новиот закон за ЈО, затоа што нивниот мандат е дефиниран со Законот за СЈО.