Британската пејачка Адел (31) ги предаде документите за развод со сопругот Симон Конецки (45), пренесува „Пипл“. На овој потег музичарката се одлучи пред пет месеци откако објавија дека се разведуваат по седум години поминати заедно.
Двојката ќе остане во добри односи поради нивниот син Анџело (6), а по нејзиното барање за развод доаѓа на ред одредувањето на старателство и поделба на имотот, во што Адел може да биде оштетена. Конецки не потпиша договор кога се венчаа, а барањето е предадено во Калифорнија и тој може да добие половина од нејзиното богатство кое се проценува на 150 милиони фунти.