Алушовски: Имаме план како да го средиме фаворитот Спортинг

Ракометарите на Еурофарм Работник в недела (17 ч.) ќе дебитираат во елитното клупска натпреварување Лигата на шампионите  против португалскиот Спортинг пред своите гледачи во  салата „Боро Чурлевски” во Битола. Гостинот од Лисабон важи за фаворит, но битолчани не се предаваат лесно, а посебно пред своите гледачи без разлика кој е и колку е силен противникот.

Имаат план како од премиерниот натпревар да си направат успешна приказна. Тренерот Стевче Алушовски очекува полна сала и поддршка од трибините.

– Спортинг е фаворит во нашата група. Има силен состав, но ние имаме план да го изненадиме фаворитот. Нашиот тим ќе биде засилен со враќањето на интернационалецот Остроушко кој минатата година беше носител на играта на Eурофарм Работник. Противникот го анализиравме и очекувам борбеност и цврста одбрана со која ќе му се спротивставиме на Спортинг, тим со бројни интернационалци и репрезентативци, истакна Алушовски.

 

Треба да знаете
Последни објави