Кошаркарот на Австралија Ендрју Богут неможеше да го контролира бесот насобран во него кон судиите на полуфиналениот натпревар со Шпанија на Светското кошаркарско првенство кој го загубија по две продолженија 95:88 (22:21, 10:16, 19:18, 20:16, 9:9, 15:8).
Веднаш по натпреварот Богут отворено гестикулираше кон судиите дека земале пари од Шпанците. После натпреварот пред новинарите Богут гласно порача: Ова е е**на срамота!