Режисерот Емир Кустурица му оддаде почит на познатиот српски сценарист Гордан Михиќ на најголемиот светски фестивал на уметнички филмови – Венецискиот фестивал.
Снимката од говорот на Кустурица ја објави Ивана Михиќ, ќерката на Гордан.
EKSKLUZIVNO: NAJVEĆI FESTIVAL UMETNIČKOG FILMA NA SVETU- VENECIJANSKI FESTIVAL I EMIR KUSTURICA ODAJU POČAST GORDANU MIHIĆU pic.twitter.com/1Fba3Mw7ej
— Ivana Mihic (@Ivana_Mihic) September 7, 2019
„Гордан Михиќ на многумина им ги разубави животите со својата работа. Покрај бројните сценарија, тој има напишано две за моите филмови „Црна мачка, бел мачор“ и „Дом за бесење“. Тој почина непосредно пред овој фестивал“, рече Кустурица.
Сценаристот, драматург, режисер и професор на ФДУ, Гордан Михиќ, почина на 11 август, по ненадејна болест.