Пет големи пожари, кои во моментот се активни во Прилепско – на потегот кај месноста Тројаци до Радобил, каде што од 13.30 часот гори нискостеблеста шума, а огнената стихија не стивнува ниту кај селата Подмол, Бонче, Дебреште и Долненско, каде што гори нискостеблеста шума и трева. На помош на прилепските пожарникари им пристигнуваат екипи од соседните градови, кои заедно со нив се обидуваат да го изгаснат огнот.
Од 15.40 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правца поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар во атарот на селото Тројаци кон селото Топлица.