Премиерот Зоран Заев во интервју за Сител објави два предлога до опозицијата за законот за јавно обвинителство.
Двете вклучуваат избор на обвинител на предлог на опозицијата. Со првата се предвидува ова обвинителство да ги преземе сите предмети, сите обвинители и вработени во СЈО и да биде надлежно за сите случаи на висока корупција вклучително и Рекет.
Втората пак, доколку опозицијата одбива да го преземе тимот, предвидува обвинителите од СЈО да се вратат во матичните обвинителства а Јавниот обвинител Јовески да ги распредели предметите од СЈО.Сепак изборот на обвинител на предлог на опозицијата ќе значи и согласност од власта за предлогот.
“Сигурно нема да гласаме тоа да биде Груевски, Панчевски, Зврлевски, Јован Илиевски, ќе бараме да биде неприкосновен професионалец”, вели Заев.
Зборува и за можноста за избори и за очекувањата за добивање датум за преговори.