Македонските одбојкари против Турција сакаат резултатска рехабилитација

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од Финска (3:1 во сетови) дебитираше на Европското првенство, кое се одржува во четири земји на „стариот континент“. Македонија во групата Ц, која се игра во Словенија, денеска (17.30 ч.) во салата „Стожице“  во Љубљана ќе го има вториот предизвик – Турција. И денешниот противник на „црвено-жолтите“ беше поразен на стартот со идентичен резултат (1:3) од актуелниот европски првак Русија. Во 1. коло, домаќинот Словенија со максимални 3:0 ја совладаа Белорусија.

Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ пружија силен отпор, но имаа и осцилации во играта кога се кршеше резултатот за да се добие сетот. со ваква игра немаа сили да приредат и резултатско изненадување. Добија само еден сет, па денеска треба да извлечат поуки од вчерашниот дебитантски дуел, да не ги повторуваат основните грешки за да можат да се надеваат дека вториот настап на завршницата од ЕП ќе го крунисаат и со победнички резултат.

-Треба да го заборавиме дуелот со Финска, која добро се испоти за да не победи. Сега треба да бидеме стабилни.Одигравме добро сите. Не треба да правиме основни грешки и трпеливо да ги користиме сите топки за да собираме поени – вели македонските репрезентативец Ристо Николов.

Организаторот на играта Филип Деспотовски предупредува дека на дуелот со Турција мора да се игра максимално одговорно, а грешките да се сведат на минимум.

-На Турција пред стартот на ЕП гледавме како на посилен состав од Финска. По она што го прикажаа против Русија, впечатокот е потврден. Мораме да дадеме се од себе, а ако противникот и нема ден, тогаш зошто и да не очекуваме победа – претпазлив е Деспотовски.

 

Треба да знаете
Последни објави