Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше на лидерска средба на Европските зелени партии, што се одржа на 12 септември во Брисел, информираат од нејзината партија.
Како што се наведува во соопштението, таа во своето излагање го потенцирала значењето на континуираната поддршка што Европските зелени ја даваат за нашите евроинтеграциски процеси.
„Европските зелени и овој пат во Брисел дадоа силна поддршка за добивање датум за почнување преговори помеѓу РС Македонија и ЕУ, одлука што треба да се донесе на претстојниот европски самит во октомври“, истакнуваат од партијата.
На лидерската средба во Брисел се анализирале, како што се вели, одличните резултати што ги постигнале зелените партии на изборите за Европскиот парламент, освојувајќи 10% гласови.
Исто така во Брисел се зборувало и за дејствувањето на пратеничката група на Зелените во Европскиот парламент, како и за стратешките приоритети на Зелените во следниот петгодишен период.